ВМРО-ДПМНЕ: Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи

Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Заеви се поблиску до ограбување на граѓаните, власта манипулира со смешни мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите. Со мерката Мој ДДВ која толку многу ја форсираат, сиромашните и просечните граѓани најмногу што може да добијат 156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што е многу далеку од тие  30.000 кои Заев ги ветуваше. Ако граѓаните се надеваат на овие пари за да вратат кредит, платат извршител, отидат на годишен одмор или да реновираат соба  потребни ќе им бидат најмалку 16 години, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да го врати рамниот данок, да ја укине акцизата на нафтата која ја покачи, да стимулира намалување на цените на мало  и конечно да почне да ги реализира капиталните инвестиции кои имаа најниско ниво на реализација во историјата на Македонија.

-Но очигледно власта е фокусирана како само да се зголемат бизнисите на кланот Заеви и останатите функционери од власта кои цело време си  зголемуваат имот, местат тендери, и сами на себе си доделуваат грантови. Македонија и граѓаните со оваа власт само уназадуваат и осиромашуваат. Тоа може единствено да се промени кога СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев конечно ќе си заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.