ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ продолжува да ги користи децата за дневнополитички поени

Продолжува бесрамната пракса на СДСМ да ги користи децата во својата борба за ситни дневнополитички поени, порачаа од владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ по повод обвинувањата од страна на СДСМ за злоупотреба на децата во политичките кампањи.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

И после цел месец СДСМ и Андреј Жерновски немаат одговор на прашањето кој сакал да ги киднапира децата во „11 Октомври“?

Кои се измислените киднапери на деца кои СДСМ и Жерновски ги користеа во својата црна кампања, злоупотребувајќи ги децата и навредувајќи ги родителите кои не пријавиле обид за киднапирање?

Ова е само продолжение на бесрамната пракса на СДСМ да ги користи најмладите во својата борба за ситни дневнополитички поени.

СДСМ во својата безидејна кампања сега ги турка и децата од Општина Аеродром, измислувајќи повторно подли лаги и манипулирајќи.

За оваа злоупотреба на децата СДСМ ќе плати за 150 дена.

СДСМ не научи дека со лаги, манипулации и злоупотреба на граѓаните во политички цели не се доаѓа на власт.

На 24-ти април по десетти пат СДСМ ќе ја повтори лекцијата.