
Расипничката политика на владејчката СДСМ ја турка македонската економија кон сигурен колапс, Владата предводена од оваа партија ја задолжи државата за 360 милиони евра, а од државните резерви без реална основа и посебно објаснување испумпа 180 милиони евра, што е повеќе од половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра, се наведува во соопштението од саботата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека СДСМ ја задолжува државата, а притоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција.
„Владата на Заев дополнително на ова расипничко делување и на штета на граѓаните ги укинува и блокира сите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ.СДС потроши над половина милијарда евра, пари кои што утре ќе ги враќаме ние и нашите деца.Заев и СДС ја задолжуваат државата и граѓаните за непродуктивни трошоци.Доколку владата продолжи во оваа темпо за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од една ипол милијарда евра. Недомаќинското и алчно работење на владата на СДС и Заев мора да се запре. Граѓаните и идните генерации не се должни да го плаќаат луксузниот живот на врхушката на власта“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина.