Во однос на обвинувањата на СДСМ за тоа дека нон пејперот со Бугарија бил пишуван во ВМРО-ДПМНЕ, би го истакнале следното:
Ваквите недоветни тактики на средношколецот советник Марјан Забарцанец се показател за тоа како СДСМ ја разбира политика сакајќи да одвлече внимание од оставките и моралната одговорност на Венко Филипче и Зоран Заев за несреќата во Тетово, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ треба да го провери лап топот на Заев и да се увери кој е авторот на документот, но во меѓувреме и да одговори на прашањата кои се поважни за јавноста:
• Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
• Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
• Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
• Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
• Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
• Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
• Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
• Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
• Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
• Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?