ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона кластер

Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на скопскиот градоначалникот Петре Шилегов, поради што секојдневно жителите на главниот град чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона, реагира во средата советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје.

Во ракцијата се потсетива дека опозицската советничка група гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди, зашто смета дека станува збор за корисен проект, но оценува дека е „максимално штетен е хаосот“ со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани.

„Во XXI век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на корона вирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона кластер“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека со ова самиот градоначалник Шилегов претставува закана за здравјето на совоите сортаѓани.

Притоа се апелира веднаш да се смени начинот на аплицирање, и документите да можат да се доставуваат по електронски пат или по пошта. Сѐ друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.