ВМРО-ДПМНЕ со аргументи тврдеше дека договорот од Преспа не е добар

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако не беше вклучена во целиот процес за договорот, велеше со право дека договорот не е добар, но за жал веќе имаме договор. ВМРО-ДПМНЕ со аргументи исправно тврдеше дека можеби можеше да се постигне подобар договор, образложи Владимир Божиновски во дебатната емисија „Само вистина“.

Но, за жал, се постигна договор, сите велиме дека договорот е лош, полош отколку што се очекуваше дека ќе биде. Но во моментот договорот е тој. Меѓународната заедница не навлегува каков е договорот за нив, т.е тие сметаат штом има договор после три децении тоа е добра работа за Македонија и Грција. Истата поддршка што ја имаме сега ќе ја имавме и ако не стоеше онаа обврска дека мора новото име да биде вклучено и во внатрешните односи. Секаков договор меѓународната заедница ќе прифатеше, затоа што тие на некој начин сакаат да ја вклучат повторно Македонија која што неправедно, а тоа го знаат сите е исклучена од евроатлантските процеси заради ветото на Грција, појасни Божиновски.

Божиновски во текот на емисијата потсети дека ВМРО-ДПМНЕ не е антизападна партија, туку таа беше првата партија која што повика да се приклучиме кон ЕУ и НАТО.