ВМРО-ДПМНЕ: Со новото задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине седум милијарди евра

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра, и тоа пред изборите со што се подгтовува за нов поткуп, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од средата.

Премеирот Зоран Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој граѓанин со нови 22.000 денари, потенцираат од опозицијата.

ПРедупредуваат дека, со најавеното задолжување, вкупниот долг ќе достигне седум милијарди евра, од кои речиси три милијарди евра се задолжени во последните четири години.

„Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од премиерот Заев бараат да објасни пред македонската јавност каде се потрошени двете милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

„Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има“, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.