„Денеска сум во Преспа и Преспанскиот регион и одржав средба со јаболкопроизводителите и земјоделците од овој регион. Тие ме информираа дека најавената дополнителна субвенција што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена и апелираат до Министерството за земјоделство и до премиерот Зоран Заев веднаш да ги исплатат ветените субвенции. Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација, немаат основни средства за одржување на постоечките насади, ниту за егзистенција на своите семејства и своите најблиски“, изјави на прес конференција Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.
Тој додаде дека, ако во наредниот период не се исплатат субвенциите, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест.