Зоран Заев вчера кажа дека знаел за Еуростандард банката веќе година дена. Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека не знаела ништо. Ова е огромен скандал. И манипулација со граѓаните. Кој лаже Заев или Нина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е министерството за финансии. Нина манипулира и ја лаже јавноста. Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа. Нина Ангеловска мора да сноси одговорност“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.