ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение до јавноста ги сподели петте факти на денот во кои објавуваат дека Заев е во страв од пораз, а законот за ЈО е за негов спас од одговорност.
Факти кои го одбележаа денот:
- Зоран Заев се плаши од избори и ја држи во заложништво цела држава за да не одговара.
- Законот за ЈО кој го турка Заев не е услов за ЕУ, туку за спас од одговорност за сторените криминали.
- Филипче доделува милионски тендери на фирма која гради куќа со неговата тешта.
- Владата на СДСМ три години не им исплатила обештетување на земјоделците од Арачиново, Стајковци и Брњарци, за штетите од 2016 и 2018 година.
- Власта продолжува со предизборниот поткуп. Се распишуваат огласи за партиски вработувања.