Во 105-та година почина филмската икона Оливија де Хавиленд

Gone with the Wind (1939) Directed by Victor Fleming Shown: Olivia de Havilland

Легендарната британско-американска актерка Оливија Де Хавиленд, последната жива ѕвезда која глумеше во митскиот филм од 1939 година „Однесено од виорот“, почина во 105-та година од животот, откако на први јули го прослави својот 104 роденден.

Според медиумите, Де Хавиленд починала од природни причини во нејзиниот дом во Париз, каде што живееше повеќе од 60 години.

Родена како Оливија Мари де Хавиленд во 1916 година во Токио, таа бепше и последната жива голема филмска ѕвезда од ткн Златна ера на Холивуд, во 1930-те и 1940-те години. Таа е постара сестра на актерката Џоан Фонтејн.

Се прослави како партнерка на славниот Ерол Флин во авантуристичките филмови „Капетан Блад“ од 1935 и „Авантурите на Робин Худ“ од 1938 година, како и со филмовите Нападот на лесната коњаница“ од 1936 и „Мила Шарлота“ од 1964 година, како и во многу други.

За улогата во филмот „Одвеани со виорот“на Виктор Флеминг, де Хавиленд го толкуваше ликот на Мелани Хамилтон Вилкс, сопругата на Ешли Вилкс во кој е вљубена главната хероиниа Скарлет О’Хара. За таа споредна ролја ја доби својата првата од петте номинации за Оскар. Оваа најпрестижна награда во светот на филмот ја добива двапати, во 1946 година за најдобра актерка во филмот „Секому своето“ и потоа во 1949 година за улогата во „Наледничка“.

Во 2017 година е на Де Хивелнд ѝ беше доделена титулата Дама-командор на Орденот на Британската империја.