-2 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Во Австралија Хрватка си ги убила трите малолетни деца

116

Австралиската полиција открила четири мртви лица, мајка и нејзините три деца, во семејна куќа во северен Мелбурн.

Се сомневаат дека децата Клер (7), Ана (5) и Метју (3) биле убиени од нивната 42-годишна мајка Кети Периновиќ (42), која потоа извршила самоубиство.

Таткото на децата, Томислав Периновиќ (48), бил пуштен по распитот, соопштила полицијата.

“Разговаравме со голем број луѓе, вклучувајќи ги и семејството, пријателите и соседите на починатата. Спроведена е обемна форензичка анализа. Истражителите сметаат дека 48-годишникот не бил вмешан во инцидентот. Полицијата не бара нови осомничени. Првите резултати од истрагата покажуваат дека 42-годишната жена е одговорна за сите четири смртни случаи“, објавила полицијата, пренесува Гардијан.

Заменик-началникот на полицијата Роберт Хил за Њузвик изјавил дека не биле пријавени случаи на насилство во семејството.

“Ова е трагичен настан. Секоја загуба на живот е трагична, но кога се вклучени деца, тоа е неспоредливо поболно”, рече Хил, додавајќи дека полицијата се уште е далеку од разбирање на сите околности на трагичниот настан.

Соседите за семејството велат дека тие секогаш биле љубезни и ја опишуваат областа каде што живееле како „тивка и мирна“.

„Децата беа секогаш убаво облечени, а мајката беше пристојна и секогаш не поздравуваше … Беше многу срдечна“, рекол еден од соседите.

Пријател на починатата жена вели дека таа била посветена мајка, но последните недели била повлечена и претежно го минувала времето дома, пишува The Age.

Хералд Сан објавил дека семејството Периновиќ има хрватско потекло и дека мајката на починатата жена исто така била во Австралија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.