Во Австрија пријавени 63 починати по примањето на вакцината против Covid-19

Бројот на починати лица по вакцинирањето на коронавирусот во Австрија во текот на досегашната кампања на имунизацијата на населението достигнал 63 смртни исходи, од кои најмногу се евидентирани по добивањето на вакцината на Pfizer/BioNTech, се наведува во извештајот од средата на Федералната канцеларија за безбедност во здравството во кој се истакнува дека смртните случаи не се поврзани со употребата на вакцините.

„На федералната агенција за безбедност во здравството пријавени се 63 смртни случаи во блиско време по вакцинирањето со Covid-19 (57 случај во користење на вакцината на ‘BioNTech/Pfizer’, три на ‘Moderna’, три на ‘AstraZeneca’)“, се наведува во извештајот.

Според извештајот, во текот се истраги дали има поврзаност меѓу овие случаи и вакцините. Како што се забележува, природни здравствени компликации, коишто не се поврзани со вакцината но до смрт, може да се појават кај најранливите постари популации кои се вклучени во вакцинациите.

Бројот на пријавените сомневања за несакани ефекти по вакцинирањето против коронавирусот во Австрија се зголемил до средата од 17.280 на 18.063 во текот на целиот период на имунизацијата изминатата седица. Најголемиот удел од овие случаи се однесуваат на „AstraZeneca“ со 13.068 пријавените несакани последици, следи „Pfizer/BioNTech“ со 4.476 со пријави на различни реакции, а на третото е вакцината на „Moderna“ со 519 пријави.