
Од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија, а четворица ученици од Основното училиште „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени, дознава Телевизија 24.
Според информациите, бројката на децате во Битола кои се одзвале на предизвиците од споменатите игри е далеку поголем. Директорот на училиштето „Коле Канински“ , Зоран Мирчевски за телевизијата го потврдил случајот. Рекол, сѐ се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште.
Се дознава дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца. Од МВР одговориле дека сѐ уште ги проверуваат информациите.
Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” и „Момо“ неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.
Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.
Извор: 24.mk