Бразил во петокот извести за новиот највисок број на смртни исходи од коронавирусот во едно деноноќие – 3.650 починати, само три дена откако го надмина прагот од 3.000 мртви во епидемијата којашто излегува од контролата на здравствените власти.
Досега 307.112 луѓе починале од компликациите кои ги предизвикува Covid-19 од почетокот на ширењето на коронавирусот во Бразил пред една година, според порадоците на тамошното министерство за здравство.
Острото зголемување на смртноста која се припишува на коронаинфекциите во Брзил се забележува од последната седмица во февраури. Тоа се толкува со слабото почитување на емпидемиолошките мерки, како и неодржувањето на физичко растојание, како и со брзото ширење на бразилскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, идентификувана со ознаката Amazonia P1 којшто се смета за позаразен и посмртоносен.
Бразилското министерство за здравство извести и за 84.245 новозаразени во последните 24 часа, што е уште еден показател за моменталната жестина на епидемијата. Претходно во четвртокот Бразил првпат пријави повеќе од 100.000 нови случаи на Covid-19 за 24 часа.
По САД, Бразил има најголем број починати и заразени на светот во пандемијата на коронавирусот.
Кампањата за вакцинирање на населението тече бавно. За малку повеќе од два месеца само 6 отсто од 212 милиони Бразилци ја примиле првата доза, а само 2 отсто и двете дози од вакцината.
Се користат само две вакцина, ткн оксфордска на „AstraZeneca“ и „CoronaVac“ на кинеската фармацевтска лабораторија „Sinovac Biotech“. И двете вакцини се произведуваат во Бразил од кинески препарати, а во вториот квартал е планирано производството на активната компонента на Оксфордската вакцина
Во петокот властите на сојузните држави Сао Паоло и Бразилија објавија дека спроведуваат претклинички испитувања на две домашни вакцини, „ Butanvac“ односно „Versomune“, развивана во Универзитетот Сао Паоло во Рибејран-Прету заедно со америакнската фармацевтска компанија „PDS Biotechnology“ .
Покрај тоа, бразилската фармацевтска компанија „Uniao Quimica“ се подготвува заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) да ја произведува руската вакцина „Спутник V“, откако на почетокот од јануари го добила клеточниот материјал за подготовка на препаратот и започнала со производство на ексеприментална група активни компоненти на вакцината за истражувачки цели. Според најавеното, „Uniao Quimica“ ќе произведува 8 милиони дози од вакцината месечно.