Во Британија 19 деца починале од стрептококна инфекција

Бројот на смртните случаи кај деца во Велика Британија од стрептококна инфекција се зголемил на 19, според податоците кои и објави во четвртокот британската агенција за јавно здравство UKHSA.

„За жал, во Англија сезонава регистрирани се 74 смртни случаи (од стрептококна инфекција) во сите возрасни групи. Оваа бројка вклучува 16 деца до 19 години во Англија“, се наведува во извештајот.

Покрај тоа, уште три деца починале од истите причини во Велс и во Северна Ирска. Со тоа, вкупниот број деца кои починале од инфекциите во Велика Британија во периодот меѓу 12-ти септември и 11-ти декември се искачи до 19 смртни случаи.

Во четвртокот здравствените власти во Обединетото Кралство ги ставија антибиотиците ефикасни во лекувањето на стрептококните инфекции ги ставија на листата препарати чиј извоз е забранет, поради зголемениот број зарази и извештаите за недостиг од лековите.

Претходно во средата британската Управа за заштита на конкурентноста и пазарите (CMA) започна истрага поради остриот зголемување на цените на антибиотиците во услови на зголемен број случаи на инфекции со стрептококите од групата А.

Весникот The Daily Mail претходно седмицава извести дека во Велика Британија има силен недостиг од антибиотици поради зголемениот број случаи на инфекции со стрептококите од групата А, како и за потврдени неколку смртни случаи на деца како последици од таквите зарази. Како причина за недостигот на лековите, особено, се посочува на зголемениот број на случаи со сезонски болести.

Ситуацијата би можела да се влоши и покај новите упатства на националната агенција за јавно здравство UKHSA до лекарите да издаваат рецепти и во случаи кога се сомневаат за стрептококна инфекција, чиишто првични симптоми се слични на настинка. Заменик-министерката за здравство Марија Колфилд, пак, ги демантираше информациите за недостиг на антибиотици во земјата.