Во Британија најголем број нови коронаинфекции од средината на јули

Велика Британија во понеделникот вечерта извести за најголемиот број нови случаи на зараз со коронавирусот во последните три месеца, со ниво на новозабилените од Covid-19 последен пат забелаќан во текот на „затворањето“ во Англија изминатото лето.

Бротјот на новозаразените во Британија во моментов е значително повисок отколку во другите западноевропски земји, со 60-процентен порас на нови слиучаи на боблеста во изминиот едномесечен период.

Според офијијалните податоци во понеделникот имало вкупно 49.156 новозаболени, во споредна со 45.140 во неделата, што воедно беше најголемиот дневен биланс од 17-ти јули.

Британските власти последните епидемиолошки мерки како што е социјалното дистанцирање ги укинаа на 19-ти јули, откако на пабовите, ноќните клубови и рестораните им беше дозволено работење со целосни капацитети.

Бројот на новите случаи на Covid-19 континуирано растге од кога пред еден месец започна училишната година, со тоа што истражувањата покажуваат дека заразата продолжува да се шири меѓу децата и покрај падот на бројот на заразените меѓу возрасната популација.

Меѓутоа, со повеќе од две третини целосно вакцинирана возрасна популација, драстични е намалена опасноста од хоспитализации и смртни исходи.

Бројот на починатите како последица на комплијациите предизвикани од заразата со короанвирусот во Велика Британија е меѓу највисоките во светот, со повеќе од 138.629 досегашни жртви од Covid-19.