Во Британија рекордни речиси 56.000 новозаразени со коронавирусот

Нови рекордни 55.892 случаи на зараза со коронавирусот од почетокот на епидемијата во четвртокот пријави на својата веб-страница британското министерство за здравство.

Трет ден по ред Велика Британија бележи над 50 илјади нови случаи на коронаинфекција на дневно ниво. Покрај тоа, во последните 24 часа се пријавени но 964 смртни исходи како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, што претставува мало намалување во однос на 981 починат во средата, кога беше забележан најголемиот дневен број на смртните исходи од 24-ти април.

Седумдневниот пресек покажува дека во овој период во земјата се регистрирани 299.352 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што претставува зголемува од 24,3 отсто во однос на претходниот седумдневен период. Вкупниот број заразени досега се приближи на 2,5 милиони.

Бројот на смртните исходи поврзани со Covid-19 во истиот седумдневен период се зголемил за 8 отсто во споредна со седмицата претходно. Вкупно од почетокот на епидемијата починале 73.512 лица, со што Велика Британија е втората во Европа по Италија.

Остриот раст на бројот на позитивните случаи на коронавирусот на дневно ниво започна речиси истовремено откако британските власти соопштија дека во Лондон и југоисточна Англија е потврден нов сој на коронавирусот кој е за дури 70 отсто е позаразен од оригиналната варијанта на ворусот, но дека нема податоци кои укажуваат дека влијае врз смртноста и развојот на потешки форми на Covid-19.

Високите бројки на новозаразени и смртни исходи до последниот ден од годината се совпаднаа со објавата на британските власти за одбрување на вакцината против коронавирусот која ја развија англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд. Велика Британија, инаку, права на Западот на 8-ми декември ја започна имунизацијата против коронавурсот со вакцината којашто ја развија американската фарамцевстска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“.

Во моментов повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија се под режимот на рестрикциите на највисокото четврто ниво. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги почитуваат ограничувањата на движењето, што подразбира забрана за собири на повеќе од шест лица до две домаќинства. Полицијата на Лондон, покрај тоа, остро предупреди дека се збранети патувањата од некои региони во земјата, како и одржувањето незаконски забави на отворени и затворени простори, како што беше случајот при воведувањето на претходните рестриктивни мерки.