Дури 10 проценти од странските затвореници во Велика Британија се Албанци. Нивниот број се зголемил петпати во изминатите 10 години, оставајќи ги зад себе другите затвореници од полска или романска националност,пренесува тиранската телевизија Ора њуз.
Британската полиција,како што наведува телевизијата, потврдува дека албанските банди се најопасни во Велика Британија и главно работат на трговија со дрога, главно кокаин.
-Еден од десет странски затвореници во Велика Британија е Албанец, кои веќе го контролираат пазарот на кокаин во земјата.Албанците се најбројни затвореници по самите Британци. Тие ги надминаа и Полјаците во однос на бројот на странски затвореници во Британија, наведува телевизјата повикувајќи се на британското Министерство за правда.
Бројката на затворенците-Албанци во јуни 2018 годна изнесува 876 наспроти 475 колку што имало во 2015 година. Пред една деценија во британските затвори имало 166 Албанци.
-Бројот на затворенците Албанци бележи постојан раст изминатите неколку години. Тие се најбројни странски затвореници во британските затвори, на второ место се Полјаците, потоа Романците, Ирците и емигрантите од Јамајка. Осудени се главно за кривично дело шверц на дрога, додава Ора њуз.
Само во изминатите два месеца, властите уапсиле неколку организирани групи Албанци кои дистрибуирале кокаин вреден милиони фунти преку услугите на „call center“, а потоа се фалеле по социјалните мрежи со огромните приходи од нвната криминална дејност.