Во центарот на Скопје висока загаденост, измерени се 147 ПМ честички

Енормна загаденост на воздухот е измерена утрово во центарот на Скопје, 147 ПМ 10 честички. Мерните станици ширум земјата покажаа дека, освен Скопје, многу е загадено и во Гостивар, каде се измерени 105 ПМ 10 честички.

Освен во центарот на Градот, виоска загаденост е измерена и кај Ректорат, 115 ПМ 10 честички и во Лисиче, 103 ПМ 10 честички.