Во повод празникот Свети никола денеска во кујната на Нетпрес ќе зготвиме нешто посно, традиционачна сарма и вкусна баклава.
Потребно:
1 главица кисела зелка
400 гр ориз
4 страка праз
црн пипер
црвен пипер
250 гр масло за јадење
Подготовка:
Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.
А за десерт послужете баклава, одлична со кафе.
Потребно:
1/2 кг кори
300 гр шеќер
500 гр кисела вода
300 гр масло за јадење
300 гр мелени ореви
1 ќесичка прашок за печиво
За шербет:
750 мл вода
1 кг шеќер
Подготовка:
Состојките се мешаат заедно и секоја кора се мачка од филот и по желба се додаваат сецкани ореви во филот.Се мачка и последната кора, се сече и се пече. Кога ќе се одлади се посипува со врел шербет.