Во Белград во четврток ќе се одржи состанок за меѓународните донатори на кој ќе се собираат пари за санирање на катастрофалните последици од поплавата. Предвидено е пред присутните да се обрати српскиот премиер, Александар Вучиќ.
Како што соопштуваат од Владата на Србија, премиерот присутните ќе ги информира за размерите кои ги опфатиле поплавите, како и ќе се разгледа начинот на кој може да се помогне во санирање на штетите.
На состанокот ќе се разгледуваат и следните чекори кои треба да ги преземат Владата и меѓународните донатори за што поефикасно координирање и санирање на штетите.
На донаторскиот состанок ќе учествуваат претставници на 27 амбасади од Европа, САД, Азија, кои се акредитирани во Србија, како и делгации на Европската Унија, Советот на Европа, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Светската банка, Обединетите Нации, Германската развојна банка.