Во Данска во вторникот се укинати речиси сите епидемиолошки мерки за справување со новиот бран на епидемијата на коронавирусот, и покрај релативно високата ицциденца во земјата.
Задолжителното носење маски сега е минато, заедно со покажувањето на ткн ковид-потвди кои докажуваат дека лицето е вакциниранот против Covid-19, ја прележало болеста или има негативен резултат на тестот. Отсега може да се одржуваат големи настани, а посеттителите на ноќните клубови повторно моеже да се забавуваат без маски.
Сето тоа е поврзано со фактот дека Covid-19 повеќе не е класифицрана како болест „критична за општеството“, означување коешто на данската влада ѝ овозможи да воведе строги рестриктивни мерки. Единствено на сила остана правило патниците при влез во земјата мора да покажат доказ дека се вакцинирани.
Данска направи сличен чекор и ланскиот септември, но кога бројот на новозаразените набрзо потоа започна остро да расте мерките постепено повторно воведување.
Минаата седмица дневниот број на заразените во Данска се движеше меѓу 33.000 и 47.000, а тоа беше тешко замисливо пред појавата на високозарзниот омикрон варијантата на коронавирусот. Високиот број заразени, меѓутоа, не ги оптовари болнциите и покрај таквите стравувања. Високата стапка на вакцинираноста во земјата смета за главна причина порди којашто здравствениот систем останал во добра состојба.
„Ја минавме критичната фаза. Од 1-ви февраури Данска ќе биде отворена, целосно отворена. Подготвени сме да исчекориме од сенката на коронавирусот. Им велиме ‘збогум’ на ограничувањата и ‘добредојде’ на животот кој го познававме претходно“, порача минатата седмица премиерката Мете Фредерискен при најавувањето на укинувањето на мерките.
Освен правилата за влез во земјата со доказот за вакцинирање, болниците и старските домови сѐ уште од посетителите бараат да носта заштитни маски и да покажат ковид-потврди за да се заштитат раанливите и постарите лица.