Големата американска фармацевтска компанија „Johnson&Johnson“ го предала барањето за одобрување на нејзината вакцина против Covid-19 во Европската унија, соопшти во вторникот Европската агенција за лекови (ЕМА), додавајќи дека одлуката се очекува во март.
Особност на оваа вакцина е што таа се прима во само една доза, а предноста ѝ е што како и вакцините „AstraZeneca“ и „Спутник V“ може подолг период да се чува на вообуичаена температура во ладилник, што, пак, дава предност за складирање во рурални средини. Таа би била четвртата одобрена вакцина во ЕУ, доколку добие зелено светло од ЕМА чиешто седиште е во Амстердам.
„ЕМА го прими барањето за одобрување за пуштање на пазарот на вакцина против Covid-19 произведена во ‘Janssen-Cilag International N.V.’”, наведува во објавата на агенцијата споменувајќи ја всушност фармацевтската компанија „Janssen Pharmaceutica NV“, која е европска филијала и дел од групацијата компании „Janssen Pharmaceutical Companies of Johnson&Johnson“
Европскиот регулатор „би можел да го дадат мислењето кон средината на март 2021 година, со услов податоците на компанијата за ефикасноста, безбедноста и квалитетот на вакцината да бидат во доволна мера целосни и уверливи“, додаваат од ЕМА.
Досега трите вакцини, и тоа западни, кои се одобрени на европскиот пазар се на англиско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд, на американско-германскиот фармацевтско-биотехнолошки тандем „Pfizer/BioNTech“ и на американската фармацевтска компанија „Moderna“,
Европската комисија направи преднарачака на 200 милиони дози од вакцината на „Johnson&Johnson“, со можноста за набавка на дополнителни 200 милиони дози. ЕУ 100 милиони дози би требало да добие до јуни, доколку вакцината биде одобрена. Компанијата има договор и со американската влада за развој на вакцината во износ од 486 милиони долари, како поддршка на истражувањата.
За вакцината на „Johnson&Johnson“ е соопштено дека во клиничките испитувања покажала 66 отсто ефикасност во намалувањето на тешките и умерени форми на Covid-19, кои вклучуваат два благи симптома или еден сериозен симптом, како што се ниското нови на кислород во крвта или забрзаното дишење, како и дека е 100-процентно ефикасна во спречување хоспитализации или смртни исходи.