Повеќе од три четвртини од Финците сега ја поддржуваат кандидатурата за членство во НАТО, покажува новото истражување објавено во понеделникот, неколку дена пред очекуваната одлукна на Хелсинки за ова прашање.
Според истражувањето коешто го објави финската јавна телевизија, 76 отсто од Финците, што е рекорден проценти, сакаат земјата да му се придружи на НАТО. Овој податок во март изнесувал 60 отсто.
Во целиот политички спектар испитанциите се за влегување во Алијансата, се заклучува во истражувањето на јавното мнение.
И покрај зајакнатата соработка со Алијансата последните две децении, Финска и Шведска во соседството на Русија, со децении се придржуваа на политиките да останат воено неутрални, но почетокот на руско-украинската војна беше искористено за создавање остар пресврт во ставовите кон придружувањето на НАТО.
Како и во Шведска, и во Финска, којашто претходно беше малку расположена за пристапување во воени пакт иако практично двете земји постојано се присутни на вежбите на НАТО, руската офанзива во Украина го изменила односот на јавноста кон Алијансата.
Пред руско-украинската војна, приврзаниците на пристапувањето на Финска во НАТО последните години ги имало меѓу 20 и 30 отсто.
Финска, според најавите, ќе ја донесе одлуката за поднесување на барањето за членство во НАТО на 12-ти мај. Одлуката за придружување ќе се одвива тој ден во два чекора. Прво финскиот претседател Саули Ниинисто ќе го одобри влегуваето на Северноатлантскиот воен пак, а потоа парламентарните групи ќе го одобрат поднесувањето на барањето за членство наместо за тоа да гласаат Финците на референдум.
Според финскиот устав, претседателот на државата ја води надворешната и безбедносната политика на Финска во соработка со владата. Одликата за влегување во НАТО ќе биде потврдениа на состанокот на претседателот и клучните министри во владата по иницијалните објави на шефот на државата и парламентот, пишува дневниот весник ltalehti.
Русија, којашто со Финска има граница од 1.300 километри и историјата на судири до 1945 година, вклучителни и како дел од некогашниот Советски сојуз, предупреди дека ако двете нордиски земји се приклучат на НАТО, ќе биде присилена да распореди нуклеарно оружје и хиперсонични проектили во Калининград, руската енклава на Балтичкото Море.
Кон крајот на април весникот Iltalehti објави дека Финска и Шведска планираат да организирааат средба на водствата на двете земји на 16-ти мај и потоа јавно да ги најават своите планови да му се придружат на НАТО. Финската премиерка Сана Марин во средината на април при посетата на шведската колешка Мадалене Андерсон изјави дека очекува Финска позитивната одлука за приклучување на НАТО да ја донесе во рок од неколку седмици.
Шведска, пак, започна ревизија на националната безбедносна политика, којашто вклучува поглед на можното членство во НАТО, а резултатите се очекуваат до средината на мај. Владејачките социјалдеморкати, исто така, го разгледуваат својот долгогодишен приговор на членството во НАТО, а резултатите се очекуваат најдоцна до 24-ти мај.