Во Франција порасна бројот на заразени со коронавирус за 25 отсто за една седмица

Бројот на новозарезените со коронавирусот во Франција пораснал за повеќе од 25 отсто во петокот во однос на една седмица претходно, што го сврти надолниот требд кој започна кон крајот на јануари.

Министерството за здравство објави дека во петокот потврдило 72.399 новозаразените, како и дека пораснал седмодневниот просек на новозаразените за речиси 16 отсто на повеќе од 60.000 новозаразени.

Бројот на заразените кои завршиле во билница поради Covid-19, кој доцни за околу две семици зад бројот на новозаразените, паднал за 7 отсто на малку повеќе од 21.000 пациенти.