Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и водечките германски епидемиолози во петокот бараа итно заострување на епидемиолошките мерки, а сѐ погласни се и барањата за воведување задолжително вакцинирањето против Covid-19 додека земјата бележи нови рекорди во заразата.
„Итно ни е потребно проширување на мерките кои ќе ги ограничат контактите. Колку повеќе одолговлекуваме, толку подрастични ќе бидат мерките коишто ќе ги воведеме по неколку седмици“, изјаив министерот за здравство во германската техничка влада Јенс Шпан.
На редовната петочна прес-конференција со директорот на референтниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“, министерот Шпан го избегнуваше поимот „локдаун“, но повика на мерки коишто максимално би ги ограничувале контактите меѓу луѓето.
„Не е пет до дванаесет, туку дванаесет ипол но алармот очиглено сѐ уште не допрел до нас“, изјави Шпан.
Министерот укажа дека на тоа авионите на военото воздухопловство „Luftwaffe“ веќе започнале со преместувањето на пациентите од одделот за интензивна нега од оптоварените делови на земјата, како на пример сојузната покраина Саксонија.
Директорот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Хајнц Вилер апелира новата влада порешително да се впушти во борната против четвртиот пандемиски бран. Запарaша „уште колку луѓе треба да умрат за сите да се впуштат во борбата против вирусот“.
Идната германска влада најави нов закон во борбата против епидемијата кој содржи мерки како што се пристап до работното место само за вакцинираните, оние кои го прележале вирусот и оние со негативен тест. Но мерките како што се „затворањето“ и ограничувањето на движењето на граѓаните сега се во надлежност на сојузните покраини кои можат да ги воведуваат зависно од тамошната епидемиолошка состојба.
Баварскиот премиер Маркус Зедер побара од идната сојузна влада итни мерки во борбата против епидемијата и тоа единствена на територијата на целата земја.
„Кога коронавирусот е во прашање, новата влада нема ни 100 дена поштеда. Немаме ниту 100 часа. Доколку не воведеме единствени мерли на територијата на целата земја, Баварија во текот на Божик ќе ја снајде катастрофа со човечки жртви“, изјави Зедер чијашто покраина бележи значително поголем број новозаразени од остатокот од земјата, со исклучок на некои источни покраини.
Зедер побара и итно воведување на задолжителното вакцинирање и тоа од почетокот на следната година.
„Само обврската за вакцинирање може да нѐ спаси од бескрајното повторување на приказната за короната“, рече баварскиот премиер.
Институтот „Роберт Кох“ го објави во петокот новиот рекорден број на новазаразените во 24 часа со 76.414 нови коронаинфекции. Минатиот петок овој показател изнесуваше 51.790 новозаразени. Седумдневната инциденца сега е 438,2 додека пред една седмица изнесуваше 340,7 а пред еден месец 113,0.
Процентот на вакцинираните варира од регион до регион ширум Германија. На врвот на листата е градот Бремен со 82,5 отсто вакцинирано население со двете дози, додека покраината Саксонија има најниска стапка од 60,2 отсто. На нивно на земјата процентот на вакцинираните изнесува 68,2 отсто.