Германската полиција во неколку сојузни покраина во петокот рано утрото започна операција на претреси поради сомневање за организиран криминал, во која цел се станови на повеќе истакнати припадници на неонацистички групи, при што неколку лица веќе се уапсени.
„Претресите се извршени поради основано соменение за сторено кривично дело продажба на наркотици и оружје, како и перење пари“, соопшти Покраинското биро за борба против криминалот во Тирингија. Додава дека досега во акцијата се уапсени девет лица.
Во претресите кои се извршени во сојузните покраини Тирингија, Саксонија-Анхлат и Хесен учествувале повеќе од 500 полицајци. Целта на акцијата е прибирање доказни материјали како што се скапоцена покуќнина или автомобили.
Јавниот сервис MDR јавува дека акцијата е насочена против припадниците на неонацистичките групи Туронен и Гарда 20, за коишто има сомневања дека со години го контролираат илегалниот пазар на наркотици во Тирингија. Меѓу осоничените е и еден познат адвокат, чијашто канцеларија во сојузната покраина Хесен, исто така, во петокот претпладнето обила претресена.
Во извештајот на MDR натаму се додава дека на подрачјето на Тирингија, споменатите две групации контролриале и неколку бордели. Полицијата до сознанијата за криминалните активности на неонацистичките групи дошла преку соработник во Бирото за заштата на уставниот поредок.
Припадниците на неонацистичките групи Туронен и Гарда 20 се кативни и во организирањето настапуи на забранетите неонацистички бендови. Против нивните членови во 2019 година се покренати 32 истражни постапки.