Во ГОБ „8-ми Септември“ нема веќе пациенти со Covid-19

Триесет ичетиригодишна пациентка со Даунов синдром е последната која оздравена го напушти ковид-центарот во Градската општа болница „8-ми Септември“, кој по цели 14 месеци битка со короанворусот деновиве остана празен.

ГОБ „8 Септември“ лани беше главен ковид-центар во кој се третираа најсериозните состојби на КОВИД 19. Од почетокот на пандемијата, тука се прегледани над 24000 граѓани суспектни или позитивни на коронавирусот.

Од прегледаните, во болница завршиле 3250, а околу 83 отсто од нив здрави си заминале дома. Најмладиот пациент што ја победи битката против вирусот токму во оваа болница е 22 -одишна пациентка.

Директорот д-р Христијан Костов вели дека медицинскиот тим успеал да спаси и стотина пациенти кои биле во мошне критична состојба на ципап маска, па горд на својот тим вели дека првите три месеци од годинава биле најтешки во последната година ипол.

Д-р Костов на есен не очекува реприза на минатите бранови, но повикува на имунизација, оти со две дози вакцина не се завршува со компликации во болница.

Во меѓувреме, и Инфективната клиника ги испишува последните десетина пациенти, па во моментот во болнички кревет поради компликации од коронавирусот се третираат осуммина. По неколку хоспитализирани има и во центрите во внатрешноста, па вкупниот број на пациенти низ земјава е 40.