Во Гостивар меморијален марш за двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци

Со Меморијален марш денеска ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде штo ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Рутата на маршот:

16:15 – Поаѓање од Општина Гостивар со организиран превоз

16:30 – Пристигнување на учесниците кај Наплатна рампа Гостивар

16:50 Старт на Маршот

(Наплатна рампа- ул. Илинденска – поранешен „Жито Шар“ – „Дам Ком“ – поранешна „Стопанска банка“ – Градски плоштад)

17:45 – Пристигнување на градски плоштад