Судири со полиција и грабежи се случиле во неделата во неколку градови во Холандија во текот на протестите против полицискиот час воведе во саботата во рамките на справувањето со епидемијата од коронавирусот, пренесуваат холандските медиуми.
Водени топови и полициски кучиња биле распоредени на Музеимплеин, плоштад во центарот на Амстердам за да се растераат стотици демонстранти, пренесува холандската јавна телевизија NOS. Најмалку сто лица се уапсени, се наведува во соопштението на амстердамската градска управа, која оценува дека во неделата во протестите во градот учестувале околу 1.500 лица.
Во Ајндховен, на југот од земјата, полициските сили со водени топови и солзавец растерувале неколку стотици демонстранти, пренесува регионалната телевизија Omroep Brabant. Наводно продавници и главната железничка станица во градот биле цели на ограбувачи. Засега нема податоци дека во безредијата има повредени,.
Најмалку триесет лица се уапсени, според полицијата во Ајндховен , која додава дека биле запалени неколку возила и контејнери со ѓубре. Полицијата, исто така, истакнува и дека учесниците на протестите во сите места не оддржувале физичко растојание и оти не носеле заштитни маски.
Во Холандија се протестираше денеска против владините мерки за борба против коронавирусот. Од средината на декември во земјата е воведен речиси целосен карантин, во чии рамји затворени се сите продавници освен оние за храна и неопходни продукти, како и салите за физички активности и култорно-забавбните институции. Покрај тоа, од саботата на сила стапи првиот полициски час во земјата по Втората светсика војна, кој важи од 21 часот до 4,30 часот.
Последните седмици е во опаѓање бројот на новите случаи на заразата со коронавирусот, како и на смртните исходи, на дневно ниво. Меѓутоа, холандските власти сметаат дека е потребно да се воведат дополнителни мерки за да се спречи ширењето на новите позаразни соеви на коронавирусот, кои се потврдени во повеќе од 60 земји во светот, вклучително и во Холандија.
Севкупно од почетокот на епидемијата во Холандија на 27-ми февруари 2020 година, досега со коронавирусот биле заразени повеќе од 994.000 луѓе, а според Националниот институт за здавство и животна средина, од нив починале повеќе од 13.500 лица.