Во Хрватска има недостиг од игли и шприцеви за вакцинацијата против Covid-19

По недостигот на вакцини, на Хрватска ѝ се заканува и недостиг од шприцеви и игли, што повторно може да ја запре или забави имунизацијата против коронавирус на граѓаните.

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак вели дека е распишан тендер за набавка, но не е потпишан, бидејќи единствената компанија што се пријавила, а е во ко-сопственост на Андрија Хебранг, „Кормедикс доо“ , не можела да ги испочитува роковите за испорака.

Доколку до 15 март не се набават повеќе од 4,4 милиони игли и околу 4,8 милиони шприцеви, и покрај добиените дози на вакцини, имунизацијата нема да биде можна.

ХЗЈЗ набави прецизни игли и шприцеви однапред за да овозможи, на пример, шест или седум дози вакцина да се извлечат од шишенце на вакцината Фајзер, додека многу други земји не го сторија тоа и може да извлечат максимум пет дози.

Цапак за загрепскиот весник Jutarnji list, сепакм тврди дека нема да има одложување на имунизацијата.