Во Иран убиени полицајци, разузнавањето уапсило неколку агенти зад протестите

© EPA-EFE/STR

Двајца ирански полицаец е убиен во понеделникот во судирите со демонстрантите кои протестираат веќе пети дена, а истовремено иранското министерство за разузнавање објави дека идентификувало и уапсило неколку агенти кои стојат зад насилните безредија, кои следеа по почетокот на протестите во четвртокот против економските услови во неколку поголеми градови о земјата.

На петтиот ден од протестите протива владата и економската ситуација во Иран, двајца полицајци се убиени а уште тројца се ранети во Наџефабад, во покраината Исфахан кога еден од демонстрантите отворил оган, објави порталот на иранската државна телевизија. Досега 13 лица ги загубија животите во безредијата во кои се претворија протестите кои започнаа во четвртокот вечерта во Машхад, вториот по големина град во земјата, а потоа се проширија на уште неколку градови. Неколку стотици лица се уапсени од почетокот на безредијата, а во меѓувреме повеќето демонстранти кои ја добија поддршката од челниците на САД и Израел се ослободени.

Иако, особено Израел ги отфрли како „смешни“ тврдењата на иранските челници за странска вмешаност во насилните демонстрации во Иран, во понеделникот министерството за разузнавање објави дека иранските безбедносни служби следеле и со помош на граѓани успеале да откријат и уапсат „елементи“ кои ги предизвикувале немирите во неколку градови. Се додава дека во тек се „напори за апсење на други агенти“ што е можно поскоро.

Според писмената изјава на министерството, некои од мирните масовни протести изминатите денови со цел јавно да се изразат барањата, станале насилни „поради присуството на сомнителни и агресивни елементи“, кои имале цел да ја оштетуваат јавната сопствености и да предизвикуваат штети.

Почнувајќи од четвртокот групи ирански демонстранти протестираат во неколку градови во земјата за да го искажат својот гнев поради зголемувањето на цените и економските услови во земјата. Спорадични насилства избувнаа во текот на протестите, вклучително и ноќта кон понеделникот кога имало обид за заземање на полициски станица при што загинаа десет лица.
Иранскиот претседател Хасан Роухани во понеделникот изјави дека иранскиот народ ќе се справи со демонстрантите кои претставуваат „малцинска група“ како и со прекршителите кои ги искористиле протестите.

Притоа, давајќи им право на Иранците мирно да протестираат и јавно да укажуваат на недостатоците во земјата, истакна дека „непријателите на Иран не можат да ги поднесат постигнувањата на земјата на демократската сцена“, особено во конфронтацијата со САД и израелскиот режим, а некои од нив експлицитно се заканија дека ќе ги натоварат регионалните проблеми на Техеран.

Во интервју за либанската телевизија Al Mayadeen, блиска на либанското шиитско движење Хезболах кое ја има поддршката од Техеран, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Шамхани, изјави дека „демонстрациите се предизвикани од незадоволството кое го искажува дел од иранскиот народ во врска со економската ситуација“. Според него, „од тоа се обидуваат да извлечат корист надворешните сили кои се имаат цел да го спречат заживувањето на Иран, задавајќи удар однатре“. Шамхани ги обвинува САД, Израел и Саудиска Арабија за мешање во внатрешните работи на Исламската Република.