
Во Италија во последните 24 часа од новиот коронавирус починале уште 345 лица, а бројот на потврдените случаи на зараза се зголеми за 3.526, со што билансот достигна 31.506 луѓе, а на починатите 2.503, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометар“.
Истовремено, во Шпанија во последното деноноќие од Ковид-19 починале 168 лица и со тоа бројот на смртни случаи во земјата достигна вкупно 510. Бројот на регистрирани заболени лица од новиот коронавирус се зголеми за уште 1.400, искачувајќи се на 11.409 инфицирани.