Израелски иноватори развиле тип маска за заштита од коронавирусот со делчинска контрола на отворот кој овозможува земање храна без симнување на маската од устата, и велат дека овој изум би можел да го направи одењето во ресторан помалку ризично отколку што е сега.
Со притисок на мала рачка слична на кочницата кај велосипед, се отвора отвор на предниот дел од маската за низ него да може да мине храната.
„Маската по механички пат ќе се отвори рачно или автоматски кога ќе ја приближиме вилушката“, појаснува Асаф Гителис, потпретседател на компанијата „Avtipus Patents and Inventions“ демонстрирајќи го користењето на маската во својата канцеларија во околината на Тел Авив.
Преку отворот би требало да може да се јади и пие, а кога вилушката ќе се извлече од устата, маската повторно ќе се затвори и така ќе продолжи да го заштитува корисникот од можна зараза којашто би ја пренеле други лица во близина.
Од компанијата којашто го патентирала овој изум велат дека планираат производството да го започнат за неколку месеци.
Луѓето на кои им е демонстрирано како функционира новата заштитна маска имаат различни мислење.
„Мислам дека ова е маска којашто ми дозволува да јадам и додека ја носам, нешто што би морал да го имам“, вели во прилогот на Reuters 32-годишниот Офир Хамеири.
Меѓутоа, 29-годишниот Рон Силберстејн не бил одушевен додека јадел сладолед. Рекол дека не верува оти таквата маска би можела да биде употреблива во вакви ситуации, бидејќи била целата искапана. „Не би сакал потоа да ја носам“, рекол.
Израел главно го рестартираше своето стопанство по драматичниот пад предизвикан од епидемијата на коронакризата, но рестораните засега се отворени само за храна за носење.