Во Johnson & Johnson очекуваат да продолжат испитувањата на вакцината за Covid-19 за неколку дена

Monday, Oct. 12, 2020. (Cheryl Gerber/Courtesy of Johnson & Johnson via AP, File)

Менаџментот на американската корпорација „Johnson & Johnson“ очекува моменталното суспендирање на испитувањата на нивната вакцина против новиот коронавирус да трае не повеќе од неколку дена, изјави во вторникот директорот на компанијата Џозеф Вуолк во интервју за весникот The Wall Street Journal.

Од „Johnson & Johnson“ во понеделникот соопштија дека ги прекинале тестирањата од третат фаза на клиничките истражувања на вакцината, затоа тоа што кај еден од учесниците била дијагностицирана болест. За какво заболување станува збор сѐ уште не е утврдено.

Според Вуолк, „независна комисија“ започнала истрга за инцидентот, и како што нагласува во итнервјуто „истражувањата сѐ уште се водат“. Финансискиот директор на компанијата „изразил надеж дека истражувањето е прекинато само за неколку дена“, пишува WSJ. Toj очекува набрзо да биде познат точниот рок,

Според Вуолк, челниците на компанијата сѐ уште не знаат во која од двете групи испитаници било заболеното лице. Учесниците од едната група волонтери го примиле експерименталниот препарат, додека на оние од втората група им бил инјектиран плацебо. Главниот експерт за фармацевтски истражувања во „Johnson & Johnson“, Матаи Мамен, изјави за новинарите дека водството на компанијата дознало за болеста на волонтерот во испитувањата во неделата вечерта.

Вуолк појаснува дека компанијата продолжува да ги проширува своите производствени капацитетит за последователното пуштање на вакцината на пазарите. Компанијата се надева дека развојот на вакцината ќе биде завршен до почетокот на 2021 година, и планираат да крајот на следната година да произведат повеќе од милијарда дози.

Минатата седмица Европската комисија објави дека го одобрила договорот за набавка на дози за 200 милиони луѓе од потенцијалната вакцина против коронавируост со фармацевтската компанија „Janssen Pharmaceutica NV“, која е дел од групацијата компании „Janssen Pharmaceutical Companies of Johnson & Johnson“. Компанијата има договор и со американската влада за развој на вакцината во износ од 486 милиони долари, како поддршка на истражувањата.