Полицијата на автономниот регион Внатрешна Монголија, на северот од Кина, уапсила маж кој во понеделникот застрелал пет лица, соопшти во управата за безбеднот на округот Кајлу.
Инцидентот се случил претходни во понеделникот, околу 15,30 часот по локално време, 8.30 часот по македонско време, кога од засега не разјаснети причини и мотиви неидентификуваниот напаѓач отворил оган и ги застрелал петте лица. Непознато засега, исто така, е дали станува збор за повеќекратно убиство со намера или, пак, жртвите биле случајни.
Полицајците го веднаш пристигнале при интервенцијата го раниле напаѓачот и го уаспиле на самото место. Сега тој е на повеќечасовно испрашување во полициски притвор.