Во лавината во источна Турција бројот загинати се искачи на 33 луѓе  

Во лавината која погоди област во источната турска привинција Ван загинале најмалку 33 лица, вклучително припадници на воената полиција и цивили кои ги спасувале затрупаните под снежните наноси, соопштио во средата рано попладнето турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган,

Претходно доцна ноќта во вторникот гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез, информираше дека во областа Бахчесарај најмалку тројца патници на минибус загинале а уште двајца се исчезнати под снежниот одрон. Во средата локалните власти соопштија дека нова лавина затрупала пет возила во кои се наоѓале повеќе од 50 припадници на спасувачките служби, кои учествувале во потрагата на местото на несреќата.

„Пристигна тажна вест: бројот на загинатите во лавината достигна 33“, рече Ердоган во програмата на телевизијата NTV.

Според Билмез, околу 30 луѓе биле извлечени под снегот. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно предупреди дека се верува оти повеќе луѓе се затрупани под снегот, без да дава повеќе поединости. Додаде дека временските услови го отежнува движењето на спасувачките возила, како и еден едно возило е извлечено од пот 4 до 5 метри снег.

Спасувачките екипи настојуваат да ги спасат луѓето затрупани во претходната лавина во вторникот во која загинаа пет луѓе. Од таа лавина беа спасени осум лица, а втората лавина следела додека спасувачите трагале по преживеани.