Исламистички милитанти нападнале во вторникот постројки за црпење нафта и природен гас на северозападот на Пакистан, и притоа убиле четворица полицајци и двајца припадници на обезбедувањето, соопшти полицијата.
Околу педесет милитанти ја нападнала нафтената постројка со којашто управува компанијата „MOL Pakistan Oil and Gas Company“ во пакистанскиот дистрикт Ханг близу границата со Авганистан, изјавил за Reuters полицискиот функционер Ирфан Кан.
Ниедна од екстремните исламистички организации кои делуваат во Пакистан засега не ја преземала одговорноста за овој напад.
Според полицијата, милитантите нападнале две нафтени бушотини М-8 и М-10, со тешко вооружување, вклучително и ракетни фрлачи. Обезбедувањето кај бушотината М-8 го одбила нападот, но кај М-10 имало жртви, се додава.
Милитантите, исто така, ја оштетиле и соларната електрана пред да се повлечат во соседната планинка паштунска покраина Северен Вазиристан, од каде и дошле, се наведува во соопштението на полицијата.
Разни милитантни групации, вклучително и пакистанските талибани, со години дејствуваат во зафрлените планински предели на северозападот на земјата кои имаат одреден степен самоуправа од каде ги напаѓаат безбедносните сили и инфраструктурата во борбата против пакистанската држава.