Прелиминарната анализа на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) покажала дека во нападот на Дума во Сирија на 7 април, во кој загинаа десетици цивии бил употребен хлор, јавува Ројтерс кој имал увид на извештајот.
Во извештајот се наведува дека во примероците земени од две локации во Дума се пронајдени разни огрански хемикалии кои содржат хлор, но не постојат докази за присуство на нервен агенс.
ОПЦВ ја испраати мисијата за пронаоѓање на докази за хемиски напад во Дума седум дена по нападот на 7 април, а кој беше причина за воздушните напади врз Сирија, кои ги изврпија САД, Велика Британија и Франција.