Дваесет и еден лица се убиени во нападот на вооружени напаѓачи во вторникот врз хотелски и деловен комплекс во кениската престолнина Најроби, изјави во средата за медиумите началникот на кениската полицијата Жозеф Боаен.
„На местото на нападот се пронајдени уште шест тела и еден полицаец им подлегна на поврдите“ во болница, изјавил Боане.
Тоа се седум нови жртви покрај четиринаесетте колку што претходно во средата во текот на денот објави кенискиот претседател Ујуру Кенијата.
Нападот врз комплексот во кој има хотел, ресторани и деловни објекти „DusitD2“, во сопственост на групацијата „Dusit Thani“ започна во вторникот околу 15 часот по локално време со експлозија на паркингот и бомбаш самоубиец во фоајето на хотелот, објави полицијата. Сомалиската радикална исламистичка групација ал-Шабаб ја презема одговорноста за нападот.
Главниот инспектор на криминалистичката полиција на Најроби додал дека 28 ранети лица се примени во неколку болници во градот, но ја прецизирал тежината на нивните повреди. Боае рекол дека меѓу жртвите има 16 Кенијци, еден Американец, еден Британец и три лица од африканско потекло кои сѐ уште не се идентификувани