Во нападот врз хотелот во Могадишу најмалку 21 мртов

Во нападот на припадници на исламистичката група ал-Шабаб врз хотел во сомалиската престолнина Могадишу кој траеше 30 часа до саботата ноќта, убиен е најмалку 21 цивил, покажуваат најновите официјални податоци објавени во неделата.

Нападот и опсадата на хотелот „Hayat“, омилен меѓу пратениците и членовите на сомалиската влада, е најкрвавиот инцидент во Могадишу откако во мај годинава новиот претседател Хасан Шеик Мохамуд ја презема власта и ја изложи на притисок сојузната влада именувана на почетокот од август по повеќемесечната политичка нестабилност во Сомалија.

„Засега потврдени се 21 убиено лице и 117 ранети“, изјави министерот за здравство Али Хаџи Адан.

Во неделата семејствата на оние кои се прогласени за исчезнати ги исчекуваа вестите од последиците од нападот изведен во петокот ноќта кога напаѓачите влетале во хотелот „Hayat“ со два автомобили-бомби пред да отворат оган од автоматски пушки. Нападот, за кој одговорноста ја презема ал-Шабаб.

Сомалиските безбедносни сили ноќта кон неделата ја прекинаа 30-часовната опсада, прогласувајќи дека се убиени сите напаѓачи. Нивната бројност не е објавена досега.

Спасувачите од неделата утрото во урнатините трагаа по евентуално преживеани, додека приодите кон хотелот сѐ уште се блокирани. Покрај тоа, се вршеше и пребарување по експлозивни направи кои во вреќички биле откриени во повеќе простории.

Во жестоките престрелки меѓу милитантите, од една страна, приватното обезбедување на хотелот и сомалиските безбедносни сили, делови од зградата се урнале а другите се значително се оштетени.