„Во ред, добра ноќ“ се последните зборови на пилотот на „Боингот 777“, до контролата на летање кој исчезна пред пет дена, објавија малезиските воздухопловни сили. Кратко потоа авинот го снемало од радарите и од тогаш нема трага каде е леталото со 239-те патници.
Потрагата по авионот кој мистериозно исчезна се’ уште траа со 42 брода и 35 авиони од повеќе земји, меѓу кои Малезија, Кина, Сингапур, Виетнам, Филипини, Индонезија и САД.
Во меѓувреме расте напнатоста кај роднините кои се во исчекување и се подготвуваат за најлошата варијатна.