Во Русија осуди поранешен агент на ФСБ и кибернетички стручњак за давање тајни на САД

Московскиот воен суд осуди во вторникот поранешен службеник во државната безбедност и поранешен експерт за кибер безбедност на компанијата „Касперски“ на 22 и 14 години затвор поради предавство.

Сергеј Михаилов, поранешен офицер во руската федерална служба за безбедност (ФСБ) , и Руслан Стојанов, кој до 2006 година работел во полицијата, шеф на тимот за истражување на компјутерски инциденти во руската компанија „Касперски лаб“ која има филијали ширум светот, осудени се за издавање на тајни информации на странски разузнавачки служби.

Двајцата се уапсени во декември 2016 година, откако САД ја обвинија Русија за наводен обид да влијаа на американските претседателски избори. Михаилов е осуден на 22 години, а Стојанов на 14 години затовр. Руските медиуми пишуват дека случајот се водел како таен и поради карактерот на делото во кое се споменуваат државни тајни, судењето се одржувало затворено за јавноста.

Кривичното дело против други двајца обвинети во истиот случај, подредениот на Михаилов, Дмитриј Докучаев, и бизнисменот Георгиј Фомченков, било издвоено во поссебна постапка.

Како што пишува московскиот весник Коммерсант, Михајлов 2011 година, преку посредници предал на американското Федерално биро за истраги (FBI) „информации за оперативни истражни активности“ во случајот на основачот на компанијата „Chronopay“, Павел Врублавски, кого во САД го сметаат за вмешан во кибернетички криминал. За инфармациите, на соучесниците им биле ветени десет милиони американски долари, но колку тие на крајот добиле, сепак не е познато.