Во САД маж обвинет за терористичка закана поради што кашлал врз други луѓе

Маж од американската сојузна држава Мисури е обвинет за терорисичка закана откако кашлал врз купувачи и напишал Ковид на фрижидер во една продавница.

Џон Свалер од градот Куба е обвинет во вторникот и е во притвор, а одредена му е кауција од 25.000 долари.

Вработените во продавницата повикале полиција откако 33-годишен маж намерно кашлал врз купувачите, „дишел врз фрижидерот“ и на неговата внатрешна страна напишал Ковид.

По инцидентот продавницата била затворена и дезиинфицирана.