По Денот на благодараноста, кога бројот на патниците кои минале низ американските аеродроми бил најголем од средината на март и се очекува раст на коронаинфекциите, висок функционер на администрацијата во понеделникот изјави дека некои Американци би можело да бидат вакцинирани против коронавирусот и пред католички Божик.
Министетор за здравство, Алекс Азар, изјави дека вакцината против Covid-19 на производителот „Pfizer“ може да биде одобрена и испорачана набргу по 10-ти декември, по состанокот на експертите на американската Управа за храна и лекови (FDA) коишто ќе ги оценат резултатите од клиничките испитувања и ќе одлучат дали некоја од вакцините за кои е побарано одобрување може да добие зелено светло.
Азар потсети и дека американската биотехнолошка компанија „Moderna“ најави во понеделникот дека го поднела барањето пред регулаторите во САД и во ЕУ итно да ја одобрат нејзината вакцина за Covid-19.
Вакцината на „Moderna“ во текот на клиничките испитувања се покажала како исклучително ефикасна во заштитата на луѓето од Covid-19. Според тврдењето на компанијата, ефикасноста на нејзиниот препарат изнесува 94,1 отсто што е споредливо со резултатите од испитувањата на вакцината на тандемот „Pfizer/BioNTech“.
„Можно е двете вакцини да ги имаме на располагање пред Божик“, рече Азар.
Вакцините ќе ги испорачува федералната влада, а гувернерите на сојузните држави ќе одлучуваат како ќе ги дистрибуираат.