Во САД прогласени за изумрени 23 животински видови

Америакната Сојузна агенција за заштита на фауната (FWS) во средата донесе одлука 23 животински видови да бидат прогласени изумрени, вклучително и белоклунестиот клукајдрвец кој официјално не е виден од 1944 година.

Во FWS „утврдиле дека тие видови изумреле“, објавено е во соопштение за медиумите. Започнат е процесот да бидат повлечени од листата на загрозени видиви.

Владините стручњаци на многуи начини се обиделе да ги пронајдат тие 23 видови птици, риби и други животни, Предупредуваат дека климатските промени и исчезнивањето на живеалиштата, покрај другите видови притисоци, може да доведат до тоа таквите изумирања да бидат сѐ почести.

„Со климатските промени и исчезнувањето на природните област сѐ е поголем бројот на видовите кои се на работ. Сега е време за проактивни, колаборативни и иновативни начини да ја спасиме дивиниата на Америка“, вели Ден Хааланд, американската министерка задолжена за управување со федералните природни ресурси и територии.

„Исчезнувањето на секој од 23-те видови е трајна загуба за американското природно наследство. Тоа е отрезнувачки потсетник дека изимурањето е последица од промените кои во средината ги предизвикува човекот“, вели Бриџет Фахеј од FWS за весникот The News York Times.

Меѓу изумрените животински видови 11 се птици, осум се слатководни шкоки, два вида риби и едно растение, додава агенцијата, Потсетува дека белоклунестиот клукајдрвец некогаш бил најголемиот клукајдрвец во Америка, но со крчењето на старите шуми на југот на САД уништено е неговото природно живеалиште. Последен пат е забележан во 1944 година на североистокот од сојузната држава Луизијана.