Иранските безбедносни сили уапсиле девет водачи на протестите во градот Шираз, објави во петокот заменикот началник на полицјата во покраината Фарс, Рахамбахш Хабиби.
„Полициските службениците изминативе денови уапсија девет главни координатори поврзани со непријателски странски мрежи, кои раговдеа со немирите“, го цитира агенцијата Fars полицскиот началник. Приота Хабиби додал дека „уаспените се предаени на судските власти на земјата“.
Хабиби не прецизирал со кои служби на странски држави биле во контакт сега притворените.
Претходно во четвртокот Иран објави дека уапсил осум лица осомничени за поврзасност со американската Централна разузнавачка агенција (CIA), откако САД наведоа дека примиле илјадници пораки од оваа земја за неодамнешните насилни протести. Иранските власти ги обвинуваат САД и Израел, кои се огорчени непријатели на Техеран, дека стојат зад немирите кои избувнаа по зголемувањето на цените на бензините и протестите кои започнаа на 15-ти ноември. Иранските власти по неколку дена објавија дека вовеле ред.
„Овие елементи кои добиле обука финансирана од CIA во разни земји за да прибираат информации под маската на ткн ‘граѓани-новинари’, беа следени подолг период“, рекол портпаролот додавајќи дека тие добиле наредби да учествуваат на немирите и да се подготвуваат извештаи, особено видеа.
Шестмина од нив биле уапсени додека „учествувале на немирите и ги извршувале задачите на американските разузнавачки служби“, додека другите две лица биле идентификувани и приведени кога се обидувале да „испратат информации во странство пред да ја напуштат земјата“.
Според портпаролот, властите набљудувале и други членови на мрежата низ целата земја и предупреди дека „сериозно“ ќе се справат со нив доколку сторат некаков чин против иранската национална безбедност.
Протестите во Иран започнаа откако на 15-ти март стапи на сила владината уредба за двојно зголемување на цените на бензинот од 15.000 риали (0,09 долари) на 30.000 риали (околу 0,2 долари) за литар. Преференцијалната цена на бензинот во рамките на квотота по лице, исто така, се зголеми за 50 отсто, на 15.000 риали, којашто претходно изнесуваше 10.000 риали. Според новите прописи кои се резултат и од американските сакции против Техеран, сопственик на автомобил можеби да добие до 60 литри бензин месечно по оваа ценат, а сопственик на мотоцикл до 25 литри, а посебна квота е определена за таксистите која изнесува до 400 литри.
Иранските власти за да го амортизираат незадоволствово започнаа да вршат исплати во готовина на најсиромашните слоеви на граѓаните кои се најмногу погодени од зголемувањето на центата на бензините. Околу 19 милиони семејства ќе добијат вакви субвенции, а висината на сумата ќе зависи од бројот на членовите на семејството.
И покрај тоа, протестите продолжија претворајќи се во насилства и суриди со полицијата. Организацијата Amnesty International претходно седмицава објави дека наводно се убиени околу 143 демонстранти, а околу седум илјади биле приведени.
Владата во Техеран ја потврди смртта на пет лица, четворица полицајци кои биле убиени од „бунтовниците“ и еден цивил, како и 500 апсења, од кои 180 на малолетни лица во протестите во кои беа уништувани седишта на банки и државни компании.