![spanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/S6CEYSHYFVGYVHGXQA6HZJVQHY.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во Шпанија со новиот сој коронавирус се заразиле околу 4.000 здравствени работници, што е речиси секој деветии член на медицинскиот перонал во земјата, извести во понеделникот шпанската здравствена служба.
„Имаме некои податоци кои не ни се допаѓаат, кои би требало да ги ставиме под контрола, како што е фактот дека се заразани 3,910 здравствени работници“, изјави началникот на шпанската здравствена служба Фернандо Симон, прес-конференцијата.
Во понеделникот бројот на заболените во Шпанија, втората најпогодена европска земја од Covid-19 по Италија, изнесуваше 33.089 луѓе. Тоа значи дека здравствените работници прават 12 отсто од заболените.
Бројот на починатите порасна на 2.182, што е 462 повеќе отколку во неделата. Симон рече дека 87 отсто од починатите имале 70 или повеќе години.
Шпанската вицепремиерка, 62-годишната Кармен Калво, е примена во понеделникот во болница во Мадрид поради респираторна инфекција. Владата соопшти декла резултатите од нејзиниот текст на коронавирусот ќе бидат објавени веднаш што наодот ќе стаса.
Уште две министерки, како и сопругата на премиeрот Педро Санчез, неодмана беа позитивни на коронавирусот. Во средата проретчениот шпански парламент би требало да го одобри продолжувањето на вонредната состојба за допшолнителни 15 дена, до 11-ти април.
Симон порача дека не е момент 47-те милиони Шпанци да се опуштат и истакна дека е потребно да ги почитуваат ограничувањето на движењата, и да излегуваат од домовите амо за да одат на рабтоа, по храна или во аптеки.
Здравствените работници со денови апелираат дека мора итно да им бидат испратени заштитни материјали, бидејќи болниците секојдневно се полнат со новозаразени. Шпанската влада и компаниите истовремено настојуваат да произведат, да набават и да го дистрибуираат овој материјал.
Здравствентие работници и персоналот во пензионерските домови, ќе имаат предност кога Шпанија наскоро ќе ја воспостави големата програма за откривање на болеста.
Шпанскиот синџир на супермаркети „El Corte Ingles“ соопшти во понеделникот дека отворил специјална телефонска линија и електронска адреса, преку којашто здравствените работници ќе може да нарачуваат продукти без да плаќаат за доставувањето.