Додека во цела Европа е забележана рекордна инфлација, во Швајцарија е регистриран пад, па во октомври инфлацијата достигна три отсто, објави денеска швајцарскиот завод за статистика. Во август, инфлацијата во Швајцарија го достигна врвот од 3,5 отсто, што беше највисоко ниво во последните 30 години.
Поскапувањата првенствено се однесуваат на увезените стоки, чии цени се повисоки за 6,9 отсто, додека кај домашните производи растот е само 1,7 отсто.
Во однос на септември, потрошувачките цени останаа речиси непроменети.
Стабилноста на цените е резултат на рамномерен развој.
Поскапеа гасот, нафтата за греење, облеката и обувките, но паднаа цените на мобилната и фиксна телефонија, горивото и новите автомобили.
Цената на авто-гасот во Австрија е речиси за 3 евра повисока од бензинот.
Швајцарија, според резултатите кои говорат за пад на инфлацијата, е осамен остров. Во еврозоната инфлацијата во октомври изнесуваше 10,7 отсто, што е рекордна вредност од воведувањето на заедничката валута.
Во САД во септември е забележана инфлација од 8,2 отсто.